ШТО Е SUP (СТОЕЧКО ВЕСЛАЊЕ НА ДАСКА)

Како што и самото име објаснува, овој спорт се изведува на соодветна даска наменета за оваа активност и весло за веслање. Перспективата која ја имате додека веслате стоечки, без разлика дали веслате во природа или низ град, е поразлична од било што останато, така што никој не останува рамнодушен на глетката. Даските и веслата се категоризирани во однос на тежината и висината на веслачот.

Овој спорт е достапен речиси за сите возрасти, но сепак луѓето кои имаат хронични заболувања или повреди треба да знаат дека овој спорт не е нешто што секој може да го практикува. Веслањето ги активира сите мускули во телото, некои од нив и за прв пат, поради што е потребно да се биде во добра здраствена и физичка состојба.

Сигурноста е сепак најважна. Да се знае да се плива е приоритет во овој спорт. Задолжително е користење на сигурносно јаже, врзано за даската и ногата на веслачот, кое не дозволува даската да се оддалечи доколку паднете во вода, како и елек за спасување кој помага за останување на површината на водата.

Временските услови секогаш се од најголемо значење кога се решава за реализација на овие активности. Дожд, облаци, грмотевици или ветер се главни причинители зошто некои денови не треба да се весла.

Со оглед на тоа што популарноста на овој спорт ширум светот константно расте, стоечкото веслање е достапно во сите поблиски и подалечни странски турустички дестинации. Со тоа информираноста на луѓето кај нас расте, а расте и нивниот интерес да го пробаат овој спорт. А за тоа, тука е ПЕДЛ КЛУБ.

SUP АКТИВНОСТИ НА ПЕДЛ КЛУБ

Спортскиот клуб Педл Клуб реализира повеќе видови на активности низ различни езера во нашата држава. Веќе 6-та година, преку организирање на обуки, припреми, тренинзи, прошетки низ нашите езера, кампувања, повеќедневни експедиции и тим билдинг активности, полека но сигурно клубот работи на зголемување на свеста кај нашите сограѓани за овој спорт и неговите можности.

Турите на Педл клуб често пати се посетени и од странски туристи, кои се заинтересирани за овој спорт, но и за истражување на природните убавини на нашата земја на еден поинаков начин.

Иако честопати потценета, нашата земја има многу да ни покаже, не само нам, туку и на целиот свет кога станува збор за нејзините природни убавини. Места како Змискиот остров на Преспанското Езеро, Мермерното Езеро во Прилеп, изолираниот манастир Св. Заум на Охридското Езеро, потонатата црва Св. Никола во Мавровското Езеро, крајбрежјето долж езерото Глобочица, или недопрената природа на најголемото вештачко езеро во нашата држава Козјак, и секако магичното езеро на Кањонот Матка се само дел од местата погодни за изведување на овие активности.

ПЕДЛ КЛУБ ВО МАВРОВО

Едно од најпосетуваните и најубавите езера во Македонија е секако Мавровското езеро. Позиционирано во центарот на Националниот Парк Маврово, обиколенo од безпрекорната природа на планините Бистра и Шар Планина, како и превојот Вланица, посебна убавина му даваат листопадните и зимзелените шуми кои се издигаат високо над езерото огледувајки се во бистрата езерска вода, правејки незаборавни пејсажи насекаде.
Маврово е вистинското место за одмор и рекреација, посета и веслање на ова езеро е една од најбараните тури на Педл Клуб.. Погледот кон зелените планински падини, чистиот воздух, како и потоната црква св. Никола, го прават веслањето стоечки на мавровското езоро уникатно и ги привлекува сите љубители на природата и спортот.

https://www.instagram.com/p/CDyB4BVHFTR/


Педл Клуб со големо задоволство 2 години по ред е дел од тимот кој помагаат во реализацијата на Мavrovo Мaximum Аdventure игрите, кои се во организација на Ресорт Маврово. ММА секоја година во рамките на своите активности ги вклучува и трките со кајак и SUP. На трките со кајак се весла тандем, а SUP се весла индивидуално. Секоја година тимови од различни компании од Македонија доаѓаат на овие игри, се натпреваруваат, се забавуваат и победуваат, заборавајки за момент на своите урбани секојдневија. Тоа и е целта на овие интересни игри смислени за дружење и ширење на познанства.