Место каде што чистиот воздух и авантурата се достапни секогаш.

ВОДЕНИ СПОРТОВИ


Мавровското Езеро со околните пејзажи и планинската тишина Ви нуди незаборавно водено доживување на кајак или СУП даска. Дојдете со вашите пријатели или децата, со сите оние што сакаат водена авантура и поминете незаборавно!!

ПАРАГЛАЈДЕРСТВО


Западните ветрови се најчести, а североисточните ветрови најретки со брзина од 1,7-10 m/sec. Просечната релативна влажност на овој регион е 81 % со голема количина кислород во воздухот.

ПРОШЕТКА ИЛИ ТРЧАЊЕ


Некои од нас практикуваат релаксирачка прошетка, други сакаат да трчаат, и по нив ги имаме оние што се вљубени или „заразени“ со планинско трчање. Ова се одлични форми на вежбање и начини како можете да допрете подлабоко во истражувањето на природната убавина во Маврово. Доколку сакате да останете во движење на вашиот одмор, на располагање имате 72 000 хектари недопрена природа и не заборавајте, трчањето започнува онаму каде што завршува патот.

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ


Планинскиот велосипедизам со право се смета за идеален рекреативен спорт за ентузијастите на зимските спортови. Ви ги зајакнува мускулите на нозете и стомакот, попатно Ви ги подобрува вештините за координација. Ова се само некои од причините зошто огромен број на зимските „лудаци“ го користат велосипедизмот генерално како главен тренинг во летните месеци. Тоа не е само форма на вежбање, многу добро му годи и на умот и на Вашето ментално здравје.
Кога сте во Маврово, Вие сте во срцето на Националниот парк, каде што не е важно која вело-рута ќе ја одберете, секоја од нив има неверојатно сценарио.
Планински велосипедизам е активност која ви дава додатен проток на енергија кога сте затечен во средина на крајно импресивни планински предели. Можностите во Маврово се речиси бескрајни, предизвик можат да најдат почетниците и рекреативците, исто така има и патеки за искусни велосипедисти кои претпочитаат да „“ до високите врвови. Попатно ќе ги сретнете и не заборавајте да ги поздравите овчарите и нивните кучиња, и задолжително фотографирајте го огромниот број овци што ја красат величествената глетка низ масивот на Бистра.
Мавровското Езеро пак од друга страна нуди одлична можност за друмски велосипедизам, без разлика дали сакате да возите самостојно или пак со група пријатели. Патот што кружи околу езерото крие прекрасни погледи на езерото и околните планини, особено на зајдисонцe.

ПЛАНИНАРЕЊЕ


Ниту една друга активност не ја комбинира љубовта кон природата и вежбањето толку хармонично како планинарењето. Тоа им дава на луѓето мир и виталност, овозможувајќи да се исклучат од секојдневието, да сонуваат, да размислуваат и да се релаксираат на сосема поинаков начин.

Земајќи го фактот дека Маврово е национален парк и со својата неверојатна природна убавина, од езерото, клисурите, водопадите, боровата шума, бесконечните полиња со својата разновидност на дивиот свет, го прави совршена дестинација за Вашата летна авантура. Покрај семејни прошетки, лесни планинарски тури или напредни алпинистички правци, Ваше е само да ја изберете соодветната тура, да уживате во прекрасните предели, недопрената убавина и величествените погледи.

Дел од нашите препораки за планинарски тури се:

  • Тура до Меденица (2163 м.н.в.)
  • Тура до Карбула (2148 м.н.в.)
  • Тура до Бистра (2102 м.н.в.)
  • Тура до Манастириште (2060 м.н.в.)
  • Тура до Кораб (2764 м.н.в.)

Еве и мал предизвик за Вас, споделете ја Вашата најдобра фотографија од некоја планинарска тура користејќи го хаштагот #skimavrovo, чисто да ги инспирирате и да ги предизвикате другите да излезат во природа и да практикуваат поздрав начин на живот.

ЕДЕН СОВЕТ ОД НАС

Никогаш не ја потценувајте романтичната прошетка покрај Мавровското Езеро на зајдисонце, со врвот Кораб исправен во заднината на пејзажот.