Напорната работа, секојдневните предизвици и надградувањето на конкуренцијата се вистинските предизвици со кои секојдневно се соочуваат вработените во која било компанија . Новите вработени имаат потешкотии да се запознаат и да се вклопат во веќе искусните тимови, а големите проекти го скратуваат времето за дружење и забава меѓу сите колеги.

За таа цел, Ресорт Маврово нуди уникатна разновидност на активности и тим билдинг програми базирани на учење од искуство преку физички и умствени предизвици во природата. Учесниците кои се поделени по групи решаваат проблеми што бараат тимска работа, комуникација и вештини стекнати од досегашната работа и искуство, каде донесувањето на одлуките зависи од самите нив.

Нашите програми се направени од професионални лица и нудат несекојдневна авантура која не можете да ја најдете на ниедно друго место. Ние нудиме:

  1. Адреналински спортски предизвици
  2. Авантуристички тимски игри
  3. Умствени загатки

Нашиот тим нуди целосна организација на вашиот тим билдинг, од креирање според вашите желби и потреби до целосна изведба и логистика за истиот. Наша работа е да ги искреираме сите незаборавни моменти, ваша е само да ги доживеете и да раскажувате. Повеќе информации за горенаведените програми, можете да побарате на events@bistra.com.

Авантуристички тимски игри

Спремни сте за авантура?! Adventure Games е тим билдинг програма која се заснова на тимски предизвици кои имаат за цел да го зголемат тимскиот дух, комуникацијата, како и тестирање на одредени поединечни особини кај учесниците низ одредени активности. Принципот на игрите е направен според најпознатото шоу SURVIVOR каде што физичката способност кај учесниците не е круциална, туку добрата стратешка поставеност на тимот за секоја препрека што треба да се совлада. Овие игри се компетитивни и секоја игра се одигрува со два тима истовремено, при што на секој тим му се мери времето за кое ќе ја заврши играта. На крајот од секоја игра се споредуваат резултатите и се бодираат според бодовната табела. Од сите игри се собираат поените и по нивното сумирање со одредува победникот.

Оваа програма е соодветна за компании од 20 до 400 учесници, па во зависност од бројот на тимовите оваа програма е со времетраење од 1 до 4 часа.

Адреналински спортски предизвици

Неминовно е дека спортувањето во денешно време не е само за оние што сакаат да бидат фит, тоа помага и во секојдневното совладување на предизвициците што ни ги нуди денот, но е и одлична можност да се помине прекрасен викенд заедно со семејството или пријателите. Маврово е место каде што доживувањето додека спортувате е незаборавно искуство. Може да уживате пловејќи со кајак или СУП- даска по Мавровското Езеро низ планинските предели, или да ги пробате вашите вештини во пукање со воздушна пушка или лак и стрела. Дел од хотелите и викендиците исто така нудат и изнајмување на велосипеди или мали моторни возила (квадови) за едно несекојдневно уживање низ падините на планината Бистра. Ресорт Маврово на своите спортски терени нуди и интересни видови предизвици како фрлање на греда во далечина, гаѓање на мети со копје или со чатал. Едно од поинтересните предизвици кои може да ги играте со вашите деца е земјеното пикадо, но и една од поновите спортски предизвици, диск-голф, кој е супер активност за семејства и пријатели.

Умствени загатки

Овие игри се наменети за развивање на логичкото размислување, заедничката комуникација и вештините за организација при работа под притисок. Програмата содржи 4 загатки, секоја различна, за кои е потребно да се размислува и да се решава проблемот тимски за да завршат во дадениот рок.

На учесниците им се презентира приказната (во зависност која програма ја имаат одбрано) од која проследуваат самите загатки, како и правилата за нивното решавање. Учесниците се делат по групи/тимови, каде што се одбира еден лидер на секој тим, а преостанатите учесници од тимовите имаат различни улоги во зависност од програмата. Лидерот е задолжен за организација на самиот тим за решавање на загатките, како и комуникација со нараторот доколку тимот имаат проблем со загатките.