Успехот на спортистите, не е резултат само на еден натпревар, ниту на 20 или на целата сезона. Тој е збир на бројни тренинзи, на години и часови физички активности и на многу психолошки подготовки.

Голема улога во патот до успехот имаат и условите за тренинг. Организацијата на висински подготовки пред сезоната, како и во текот на сезоната, за одржување на физичката подготвеност  н е само престиж во спортскиот свет. Подготовките се неопходни за исполнување на сонот на секој што се стреми кон  успех. Потребна е изолација од секојдневните предизвици и градскиот метеж на локација каде што има соодветен терен, чист воздух и потребната инфраструктура; совршена дестинација за калење на спортистот во новата сезона − а секој клуб бара такво место.

Но, тука може да запре потрагата по идеалното место за висински подготовки. Македонија има уникатна дестинација што ги исполнува барањата и очекувања на индивидуалните спортисти, како и на колективните спортски клубови.

Спортскиот центар Маврово е совршено место за професионални тренинзи за елитните спортисти. Во летните месеци нуди одлични можности за атлетски подготовки со одлични капацитети за обука во живописното опкружување на Националниот парк Маврово.

Идеалната надморска височина од 1 200 метри и одличните летни климатски карактеристики овозможуваат одлични можности за тренинг на спортистите и на тимовите на отворено и во затворен простор. Центарот нуди и тренирање во планинските предели на повисока надморска височина од над 1 500 метри. Спортскиот центар Маврово обезбедува природно изолирана, здрава животна средина што ги зголемува шансите за професионално усовршување и претворање на спортските групи во компактни тимови.

Во близина на езерото во Маврово, центарот нуди надворешно фудбалско игралиште, мало бетонско кошаркарско, фудбалско и тениско игралиште, како и новоопремена спортска сала според сите светски стандарди за одбојкарски, кошаркарски и ракометни тренинзи, како и комплетно опремена фитнес-сала. Локацијата ги има сите услови за комплетни и успешни висински подготовки за сите спортови.

И ова лето, како и во претходните летни сезони, придобивките од убавината на Маврово ја почувствуваа многу тимови. Во удобностите на Ресорт Маврово (хотелите Бистра, Спорт и Лоџ), годинава, уживаа играчите од кошаркарските репрезентации мажи до 16, 18 и 20 години, женската јуниорска репрезентација во ракомет, женската и машката кадетска репрезентација ракомет, ракометарите на Еурофарм Работник, кошаркарската федерација Кукеши (Kukeshi), фудбалскиот клуб од Гњилане, Косово, кошаркарската македонска репрезентација до 18 години, учесниците на кампот на Академија Алушевски, репрезентативци од одбојкарската федерација, потоа ГФК Тиквеш, одбојкарите на Работнички, како и репрезентации од  Unioversitatea Craiov Handball Club и Guif Sweden и играчите на фудбалскиот клуб Шкупи. Исто така, летово се организираше кошаркарскиот камп ФИБА.

Неколкудневните спортски кампови кои се организираат во Ресорт Маврово, овозможуваат целосно психофизичко опуштање на спортистите. Природната убавина, езерото, патеките за движењето низ Националниот парк, надополнети со прекрасниот Спортски центар Маврово, креираат идеални услови за спортистите, но и за младите и децата кои одбираат да ги посетуваат летните кампови на планина.

Изборот на бројните репрезентации, клубови и академии токму во Маврово да ги организираат висинските подготовки пред почетокот на сезоната, е потврда дека Македонија е подготвена да се најде на мапата за идеални локации за спортски подготовки, особено што Спортскиот центар Маврово ги исполнува и сите услови за да функционира и во зимските месеци. Се гледаме во Маврово!