Понекогаш малите совети се тие што ја прават целата разлика. Можат да ви помогнат да се предомислите и да ги гледате нештата во поинакво светло. Скијањето не е ништо поразлично. Еден совет за скијање, може да ви помогне долгорочно во напредокот во скијањето.

Па, спремни ли сте за неколку совети?

Подгответе се!

1. Скијачката околина може да биде сурова. Не дозволувајте сонцето, студот или надморската височина да ве спречат да уживате во она што го нуди скијачкиот центар. Запомнете дека треба да си носите крем за сончање, топла облека и вода за максимално да го искористите денот.

2. Обидете се да вежбате дома или во теретана за да ги зајакнете мускулите на нозете пред ски- сезоната – тоа ќе ја направи целата разлика!

Набавете ја правилната скиопрема

3. Сè е до вашите ски-чизми. Прво, носете само еден пар чорапи. Второ, клипот што треба да биде најтесен е оној околу глуждот.

4. Грижете се за вашата опрема: скии со мазен и остар раб поминати со восок го олеснуваат скијањето. Кога возите по леден планински пат, смирувачки е да знаете дека вашиот автомобил е опремен со зимски гуми, ланци и целосно функционални сопирачки. Истиот концепт може да се примени и во скијањето. Во овој спорт треба да научите да верувате во вашата опрема и нејзините можности, како и во сопствените.

Уживајте во патувањето

5. Гледајте напред, не во вашите скии. Дозволете си да бидете почетник, никој не станал одличен во скијањето од првпат.

6. Секогаш обидувајте се да уживате во нивото на знаење на кое се наоѓате.

Секој ден – нов предизвик!

7. Предизвикувајте се себеси секој ден. Тоа може да биде голем или мал предизвик, обидете се со скијање на едната нога, обидете се скијање наназад или некој друг трик. Излезете од комфорната зона.

8. Најдобар начин за подобрување е да се забавувате! Променете ја вашата рутина и обидете се со нешто ново и забавно.


Вежбајте го тоа што го научивте на часовите по скијање

9. Наутро или попладне, искористете го слободното време за вежбање. Запомнете го она што го имате научено и бидете трпеливи, но најважно од сѐ, вежбајте!

Секогаш има простор за подобрување.

10. Никој не е премногу добар за лекција по скијање. Најголемите спортисти во кој било спорт имаат лекции секој ден и тоа го нарекуваат тренинг.

11. Учете од вашите грешки и не престанувајте со пробување. Никогаш не останувајте на истите познати работи, обидете се секогаш со нешто ново. Секогаш постои едно ниво повеќе кое можете да го достигнете.

Без нервози!

12. Во спортови како скијањето, не треба да имате страв. Направете го тоа што сте го замислиле, додека не пробате, никогаш нема да знаете.

13. Научете како да паднете и да станете! Откако ќе видите дека паѓањето не е толку страшно, ќе бидете спремни да пробате понови и потешки вештини.

14. Опуштете се, бидете насмеани и запомнете дека скијањето не е борба за наоѓање на најдобрата техника, туку за целосно уживање во снежните падини. Уживајте во погледите што може да ви ги понуди Маврово!

На крајот на денот, сè е до уживањето во снежните падини. Постојаното подобрување и учење на нови вештини го прави скијањето пријатно. Се надеваме дека со овие мали совети за скијање ќе можете да го искористите максимумот од вашиот зимски одмор.