Уживај во неколку минутно возење на жичарницата во Маврово. Препушти се на прекрасниот панорамски поглед на недопренарта природа на Националниот Парк Маврово.

Одбери го совршеното место за пикник на Старо бачило и препушти и се на природата која те опкружува.

Играј ласер таг, бејзбол, нахрани ги овците или уживај во забавата и планинскиот воздух со твоето семејство и пријатели.

Се гледаме во Маврово!