Ски-центарот Маврово ќе биде домаќин на првиот, досега, Red Bull Homerun во Македонија

Red Bull Homerun лудилото, за првпат досега, пристигнува на патеките на Маврово − водечкиот ски-центар во Македонија.

Овој возбудлив тркачки концепт е направен за да ги обедини скијачите и бордерите во една трка од врвот до дното на Маврово.

Red Bull Homerun, кој за првпат се појави пред повеќе од 15-тина години на австриските Алпи, создаден е за сите оние што се вљубени во зимските спортови и снежната идила. Скијачите и бордерите се спојуваат во една голема трка која најчесто започнува на највисоката точка на ски-центарот каде што се одржува настанот и завршува во најниската точка или на почетокот на ски- лифтовите. Доброто познавање на локалните патеки ќе ти помогне, но Red Bull Homerun нема само да ги тестира твоите скијачки и бордерски вештини, туку и твојата физичка кондиција и брзина.

Ако има една работа што е карактеристична за оваа трка, тоа мора да е големиот старт со трчање. Натпреварувачите треба да ги постават своите скии и сноуборди на земја и да се оддалечат 100 метри од нив. Само откако ќе отчука стартот, можат да почнат да трчаат кон нив и да се обидат да ги прикачат во најбрзо можно време. Потоа, сè се сведува на изнаоѓање на совршената линија помеѓу портите и стигнување со максимална брзина до финишот. Ваквиот старт предизвикува смешен пресврт затоа што треба да си брз, агилен и целосно фокусиран за да стигнеш до твојата опрема и да ја прикачиш без да се сопнеш или превртиш врз девојката или дечкото покрај тебе.

Кога сите ќе стигнат долу, на финишот, Red Bull Homerun сè уште не е завршен затоа што „apres ski“ журките се интегрален дел од програмата создадени за да се прослават сите оние што се тркаа и дадоа сè на патеките.

Red Bull ќе ги награди првите три места  во категориите скии и сноуборд и се радуваат на создавање на нови тркачки традиции во Маврово, почнувајќи во сабота, 15 февруари 2020!