Пејсажно патување кон Ресорт Маврово со добра музика!

Супер пејсажни мотиви ве чекаат на пат од/до Ресорт Маврово. Дали и во вашиот начин на патување пресудна е енергијата во автомобилот, добро друштво, супер расположение и песна?

Се чувствувате ли како времето да не поминува кога патувате и музиката не ви е погодена? Дали Кога ќе слушнете одредена песна веднаш енергијата се менува, започнувате сите да пеете и тоа се претвора во уште едно незаборавно патување?! Нашата претпоставка е дека одговорот на овие прашања е “да, да, да…”. Па, навистина не интересира што ќе се слуша на пат за Ресорт Маврово оваа есен?

Отсега на пат од/кон дестинација Маврово ќе може да патувате со одлично избрани “траки” кои ќе додадат дополнителна вредност и момент за паметење додека се возите. Нашиот добар пријател и соработник Чедо подготви одлична есенска плејлиста на платформата Spotify со која кривините ќе останат заборавени, очите обоени со есенски пејсажи, а енергијата во автомобилот на едно супер расположливо ниво!

Потсетете се на песни и зборови кои ги знаете напамет или пак откријте нова музика со нас која ќе ја слушнете одново и одново, на секое следно патување.

ЕСЕНСКОТО ПАТУВАЊЕ МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ СЕГА, ПРИТИСНИ PLAY И БЕЗБЕДНО ВОЗИ!

Сега навистина имате многу полесен начин за добро поминат викенд и патување до Наше Маврово. Седнете во кола, пуштете ја нашата прва Spotify Play листа, и те очекуваме во убавото Маврово.

Следете нè на Spotify тука.