Ресорт Маврово веќе инвестираше во создавање на уникатни летни искуства исполнети со безброј активности за сите посетители на Маврово. Вашето омилено скијачко одморалиште ќе биде претворено во сон на сите љубители на активности на отворено во текот на летните месеци. Реализацијата на целосниот план е предвидена да заврши до почетокот на летната сезона.

Инвестицијата вклучува:

1. Реконструкција и надградба на постојното бачило Трифкова Колиба. Предвидено е зголемување на сегашниот капацитет за околу 4 пати, реконструкција и зголемување на капацитетот на тоалетите, пристапност до тоалетите и од внатре и директно од стазите и зголемена нова кујна, со проширена понуда во однос на исхраната.

Ресторанот ќе се прошири за еден кат, со убав галериски простор и излез на пространа тераса. Бачилото комплетно ќе се отвори кон сончевата страна со стаклени прегради, со што ќе се претопи внетрешноста со природата. Освен на терасата, седењето надвор ќе се организира и околу самото бачило каде што ќе има поставено платформа со клупи и маси, лежалки за сончање и сл. Во склоп на овој дел ќе биде поставено и детско игралиште за вистинско уживање на најмладите.

2. Изградба на нов велосипедски адреналински парк, опремен со електрични велосипеди, други потребни реквизити и опрема, за сите љубители на планинскиот велосипедизам.

Велосипедските патеки ќе бидат соодветно маркирани, а ќе се организираат и обуки за безбедност на тури и управување со вело паркот.

3. Нов полигон за вежбање и тренинзи, за сите оние кои сакаат да го комбинираат патувањето со фитнес вежби во планинско опкружување.

4. Нова опрема за free ride скијање за сите љубители на сноубординг или скијање на природните и недопрените планински терени.

5. Нова кабина за ратрак и набавка на багери.