Дали некогаш сте биле на ноќно скијање?

Искусните скијачи и бордери велат дека најквалитетното скијачко искуство се случува на ноќното скијање. Скијањето под ѕвездите, на добро осветлена ски-патека може да биде еднакво пријатно, како и дневното скијање.

Можеби нема да се согласите, но затоа еве неколку факти кои можат да ве предомислат:

1. Температурите се пониски, што значи дека квалитетот на снегот е подобар и ски- патеката е со повисока спремност од обично.

2. Бројот на скијачи е драстично помал за разлика од дневното скијање.

3. Можете да го доживеете Старо бачило во сосема поинакво светло, во романтична атмосфера со поглед кон Мавровското Езеро.

Постојат неколку безбедносни правила поврзани со ноќното скијање:

  • додадете дополнителен слој на облека за топлина и
  • никогаш не одете по ски-терените што не се осветлени.

Ве чекаме на ноќно скијање во Маврово!