Ова е трка каде што се избираат најбрзите маж и жена, кралот и кралицата на ски-центарот Маврово. Со масовен старт, сите учесници се спуштаат од највисокиот дел на скијалиштето со скии, санки, сноуборди и сл., а на тие што ќе пристигнат први, им се доделуваат парични награди и ски-опрема од познатите брендови.

Правилата за учество на трката се следниве:


  • секој учесник мора да биде полнолетен и мора да носи кацига и соодветна опрема,
  • строго е забрането користење на моторни или механички превозни средства.

Трката од најгорната до најдолната точка на скијалиштето се случува без оглед на временските околности. За да бидете крал или кралица на планината, мора да ги покажете вашите квалитети и да ги одмерите силите во какви било временски околности. Идејата на настанот е тој да биде забавен, па затоа, добредојдени се и маски.

„Ова е многу интересен, несекојдневен и забавен настан кој сметам дека е вистинско освежување за Маврово.
За мене, пријавувањето на Mavrovo Thrones беше вистински предизвик затоа што пред ова немам учествувано на ваков натпревар. Во минатото, редовно учествував на скијачки натпревари, меѓутоа никогаш на ваков натпревар кој вклучува старт на многу учесници одеднаш, сите во исто време и на иста патека, како и комбинација од скијање и качување по планина.
Целиот настан беше одлично организиран, со интересен концепт кој вклучува спорт, адреналин, забава, добра музика и супер награди.“

Снеже, минатогодишната кралица на ски-центарот Маврово