Од 7 до 9 јуни, 2019 година, на терените на Скијачкиот центар и на Мавровското Езеро, по шести пат ќе се организира еден од најпредизвикувачките аматерски спортски летни настани Mavrovo Maximum Adventure, настан наменет за компании и организации од Македонија и странство. Целта и идејата на Mavrovo Maximum Adventure е преку адреналински спортови и авантуристички игри да се реализира лесен тим билдинг со фокус на спортските активности.