Нова авантуристичка тура со посета на древното бачило РУСИН каде што ќе се запознаете со техниките на традиционалното одгледување овци и производство на сирење. На ова јавање ќе се запознаете со падините на планината Бистра, ќе го видите нејзиниот највисок врв Меденица, но ќе ја видите и најживописната страна на планината Стогово. Јавајќи на каменест терен, отворени ливади и букова шума ќе доживеете едно комплетно ново искуство. Ова ексклузивно доживување е наменето за оние кои веќе јавале, но и за почетници со авантуристички дух. 

Пред турата добивате обука за јавање и заштитна опрема, а доживувањето го завршуваме со дегустација на познатото Галичко сирење, домашна пита и чашка ракија. 

Промотивна цена на целото искуство е 1690 денари.

Резервација на телефон 077648679.